Репрезентацијата на Македонија составена од ракометари од домашното првенство загуби од Србија со 26-29, на првиот од двата пријателски натпревари кои ќе се одиграат во Ниш.
Домаќинот имаше предност од самиот почеток на мечот, која изнесуваше највисоки пет гола разлика, додека Македонија успеа да намали на два разлика, но не и да ја стигне Србија.
Цветан Кузмановски беше најефикасен на мечот со седум гола, додека по три погодоци за Македонија постигнаа Ненад Костески, Кристијан Симоновски и Томислав Јагуриновски. Кај Србија се истакна Драган Пешмалбек со шест гола.
Србија и Б-репрезентацијата на Македонија ќе го одиграат вториот контролен меч утре од 16 часот.
Тестовите со Србија ќе бидат одлична можност за селекторот Кирил Лазаров да ги согледа квалитетите и потенцијалите на идните репрезентативци.