МЛАДИНСКИ ПРВЕНСТВА
Куманово – Овче Поле (11 часот) и Металург – Деспина (13 ч.) се двојките за денешниот фајналфор-турнир во младинска конкуренција за ракометарки родени во 2000 година и помлади. Пријавени беа 13 екипи поделени во четири групи, натпреварите се играа турнирски, секој со секого во групата, а четирите првопласирани обезбедија место на турнир што денеска ќе се игра во Куманово.
Со оглед на тоа што минатата сезона беше прекината поради пандемијата на коронавирусот, ракометарките на Металург ќе ја имаат улогата на бранител на титулата освоена во 2019 година, а наедно ќе играат за петта титула во низа. Финалето е закажано од 19 часот, а два часа претходно ќе се игра мечот за третото место.
Во конкуренција на 24 екипи, на завршниот турнир во Велес во машка младинска конкуренција за ракометари родени во 2000 година и помлади, ќе играат Голден Арт-КЛ 7 – Еурофарм Пелистер 2 и Борец – Скопје. Ракометарите на Металург ги освоија претходните четири титули во низа.