Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата на Вашингтон кон Русија, за неговата вмешаност во претседателските избори во САД, сајбер нападите и наводното обид за убиство на затворениот опозиционер Алексеј Навални.
Путин негираше дека го нарачал убиството на Навални и додаде дека нема да се третира полошо од кој било друг затвореник.
Во пресрет на состанокот со американскиот колега Џозеф Бајден во Женева, рускиот лидер во изјава за Ен-Би-Си Њуз додаде дека е изненаден што Русија не е обвинета и дека тој стои зад движењето „Црните животи значат“.
Што се однесува до тврдењата на Америка за хакерски напади, рускиот лидер изјави дека ваквите обвинувања се чиста „фарса“.
– Ние сме обвинети за разни работи. Мешање во избори во САД, сајбер напади и така натаму. И тие никому не дадоа докази за тоа, само неосновани обвинувања – додаде Путин.