„ЈУНСКИ КОЊИЧКИ ТУРНИР“ И 2. ПРВЕНСТВЕНО КОЛО

Во населбата Маџари, во Скопје, во организација на коњичкиот клуб Илинден се одржаа „Јунскиот коњички турнир“ и второто коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2021 година. На програмата беа четири натпревари во прескокнување пречки, во класите А, Б, Ц и Д, со висина на поставените пречки од 90 см, 95 см, еден метар и 1,10/1,20 м.

Во првиот натпревар, класа Д (90 см), победи Љупка Аврамовиќ со грлото „Колпо Гросо“ од клубот Бравадос. Во вториот натпревар, класа Ц (95 см), најдобра беше Ева Димитриевска со грлото „Ерос“, членка на клубот Бравадос. Во натпреварот во класата Б (еден метар), првото место го освои Леонида Гроздановска со грлото „Парадисо Силвано“ од клубот Анималс. Таа беше најуспешна и во четвртиот натпревар, класа А (1,10/1.20 м), односно освои вкупно две први места.
Првенството на Македонија се одржува во шест натпреварувачки кола, следното коло е на 3 јули, а финалето на 10 октомври годинава.