Данската тајна служба ѝ помогнала на Американската агенција за национална безбедност (НСА) да ги шпионира европските лидери, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, откри истрагата на европските медиуми објавена вчера, пишува „Дојче веле“.
Дека Соединетите Американски Држави ги шпионирале своите сојузници, ваквите информации излегоа првпат на виделина во 2013 година, но новинарите дури сега добија пристап до извештаите, овој пат со детали за поддршката на НСА од данската разузнавачка служба на Данска (ФЕ).
Извештајот покажа дека германскиот сојузник и сосед соработувал во американските шпионски операции насочени кон највисоките службеници.
Извори на тајните служби ги пренесувале информациите на тим кој вклучува дански, шведски и норвешки радиодифузери, како и францускиот весник „Ле Монд“, германскиот „Зидојче цајтунг“ и германските јавни радиодифузери „НДР“ и „ВДР“.
Ниту Меркел, ниту Штајнмаер немале никакво знаење за шпионските операции извршени од водечки претставници на данската влада, пишува ДВ.
Портпарол рече дека канцеларката била информирана за наодите.
Данската влада дозна за вмешаноста на тајните служби на нивната земја во скандалот најдоцна до 2015 година.
Данската разузнавачка служба и помогна на американската агенција да ги шпионира данските министерства за надворешни работи и финансии, како и данскиот производител на оружје, пренесе ДВ.
Двете агенции соработувале заедно за шпионски операции против самата влада на САД.
Откривајќи точно до каде отиде соработката меѓу разузнавачките служби на двете земји, данската влада го принуди целото раководство на разузнавачките служби да си даде оставка во 2020 година.
Американските и данските разузнавачки служби и данското Министерство за одбрана не го коментираа истражувањето, сепак, во изјавата на Министерството за одбрана се вели дека систематското прислушување на блиските сојузници е неприфатливо.