По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалничката на Битола Наташа Петровска го посети битолското Муфтиство на Исламската верска заедница, на покана на муфтијата Амит Расимовски.
На традиционалната средба, по повод празникот, градоначалничката Петровска изрази благодарност за поканата и упати честитки по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.
На заедничката средба со членовите на Битолското муфтиство од Исламската верска заедница, се разговараше за актуелните состојби во градот, тековните проекти и активности, а муфтијата ја информираше градоначалничката за активностите за време
на постот пред празникот, како и настаните со кои се одбележа овој празник.
Битолското муфтиство од Исламската верска заедница и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам. Пред просториите на
муфтиството во старата битолска чаршија, битолчани, околните соседи дуќанџии и
сите посетители кои се најдоа во чаршијата, беа послужени со баклава, традиција која се одбележува од 2016 година. М.М.