Норвешката компанија „Варнер Груп“ објави дека ја прекинува соработката со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој работеше на модната линија „А-З“.
Според „Nettavisen“, веќе две години брендот направил загуби од 21,7 милиони евра.
Облеката од колекцијата „А-З“ се продаваше на територијата на 11 земји во Европа.
Минатата година, марката имаше пораст во финансиските остварувања, но тоа не беше доволно за да продолжи инвестицијата.