УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ

Претседателот на МАНУ нуди нови размисли за поетското творештво на Блаже Конески, наоѓајќи допирни точки со состојбите денес. Во „Послание“, Конески се прашува: „Зар можело без тоа до зрелоста?“, зар можело без мака до зрелоста? Денес, за жал, ние сме уште далеку од зрелоста, а маката за која зборува Блаже Конески е присутна исклучиво поради штетните договори со нашите соседи, пишува академик Коцарев. Дали има излез од состојбата во која се наоѓаме денес? Да. Иако патот ќе биде мачен, ние немаме друг избор, порачува претседателот на МАНУ во својата анализа