Во болниците во државата од коронавирус се лекуваат 1.545 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од таму додаваат дека капацитетите не се исполнети и дека има слободни кревети.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид-центрите – соопшти МЗ.
Само во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Од МЗ додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени – велат од МЗ.