Србија
Србија ги заостри правилата за влез во државата, а националниот кризен штаб донесе одлука според која од вчера непречен влез во земјата ќе имаат само вакцинираните, додека другите мора да приложат негативен ПЦР-тест, без разлика дали станува за нивни државјани или за странци.
За сите лица од Србија или од странство што ги примиле двете дози од „Спутник“, „Фајзер“ или „Синофарм“, или првата од „Астра Зенека“, рампите на граничните премини се подигнати, за другите е задолжителен двонеделен карантин. Кризниот штаб ги продолжи рестриктивните мерки, а тоа значи дека угостителските објекти и трговските центри во Србија остануваат и понатаму затворени.
Во Србија досега се вакцинирани 2.206.821 лице, a ревакцина примија 876.436 луѓе. По бројот на ревакцинирани на милион жители, Србија се наоѓа на првото место во Европа. Во регионот, пак, Србија е прва по бројот на вакцинирани на милион жители, пренесе „Нетпрес“.