Словенечкиот државен врв ја прими вакцината на „Астра зенека“ со цел да ја врати довербата на граѓаните во вакцината, еден ден откако Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека станува збор за ефикасна и безбедна вакцина за употреба.
Претседателот Борут Пахор, премиерот Јанез Јанша, претседателот на парламентот, Игор Зорчиќ, и претседателот на Државниот совет, Алојз Ковча, беа јавно вакцинирани и заедно ја примија вакцината во Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Со вакцината на „Астра зенека“ се вакцинираше и францускиот премиер, Жан Кастекс, во директен пренос, со цел враќање на довербата на граѓаните.
Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.