Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март, соопшти владејачката партија.
Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ, Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.
– Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев – велат од партијата.
Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ.
Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.