Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, вчера ја напушти Белата куќа давајќи ветување на американскиот народ во кое кажа „ние ќе се вратиме“. Но, тој денес се разбуди како најновиот жител на Флорида со целото време на овој свет. Според неговите поддржувачи, Флорида е вистинското место за Трамп да ги зацели раните од поразот, пренесува „Гардијан“.
Како поранешниот претседател, кој сега е обичен граѓанин на Флорида, ќе ја задржи политичката важност пред претстојното судење во Сенатот што може да му донесе забрана за идната трка до Белата куќа?
Неговите претстојни денови ќе изгледаат многу поразлично од последните денови како претседател. Прстен од тајната служба го опкружува неговото одморалиште Мар-а-Лаго на островот Палм Бич, блиските патишта остануваат затворени за локалното население, а саканите терени за голф што тој често ги посетуваше во изминатите четири години, го чекаат неговото присуство.
Импичментот не е единствената грижа за Трамп во Флорида. Адвокатите кои ги застапуваат соседите на Трамп стапија во контакт со властите на Палм Бич за да ги известат дека тој е непосакуван таму. Според договорот што Трамп го потпишал пред неколку децении, тие инсистираат дека му е забрането да живее во Мар-а-Лаго повеќе од седум последователни дена и вкупно 21 ден во годината.
– Мислам дека Трамп ќе подготви продавница на Палм Бич како седиште на неговото „МАГА“ движење. Но, неговото присуство дефинитивно ќе биде извор за драма, метеж во сообраќајот и големо внимание од страна на медиумите. Тој ќе биде постојана тема во градот сѐ додека е тука – изјави Дејв Аронберг, државен адвокат за округот Палм Бич.
Според Аронберг, Флорида е местото на Трамп, каде што тој има голем број поддржувачи, но и противници, и е идеално место за тој да ја почне подготовката за претседателската трка во 2024 година. Томас Кенеди, новоизбраниот член на Демократскиот национален комитет на Флорида, кој гласаше двапати за Трамп, се согласува со Аронберг.
– Ќерката и советник на Трамп, Иванка, заедно со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер купи имот во Мајами и мислам дека таа исто така има свои политички амбиции. Неколку знамиња кои кружеа меѓу приврзаниците на пречекот на Трамп во средата имаа пароли „Иванка 2024“. Постојат гласини дека таа ќе се бори против сенаторот од Флорида, Марко Рубио, а исто така постои можност Доналд Jуниор, синот на Трамп, да се кандидира за некаква политичка функција – вели Кенеди.