Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт – одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.
– Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје – соопштија од Министерството.
Предлогот е достапен за увид и коментирање на веб-страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk , а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи на почетокот на февруари.
Мислења, забелешки и сугестии може да се достават на [email protected] .