Некои филмски остварувања поминаа полошо во годината на пандемијата од другите, особено оние што се потпираа на големи заработувачки на благајните. Сепак, имаше многу интересни достигнувања од научнофантастичниот жанр во изминатите дванаесет месеци. Ви ги претставуваме петте најдобри филмови од овој жанр што беа објавени во 2020 година.

„Вивариум“
„Вивариум“ е филмска приказна за млад брачен пар што бара нов дом. Овој пар оди на обиколка низ куќите во новоизграденото предградие. Таму ги чека нешто што воопшто не го очекувале. Имено, сите куќи во ова предградие се идентични, а излегувањето од таму се чини невозможно.

„Невидливиот човек“
Во овој филм, Елизабет Мос ја глуми Сесилија Кас, жена што е во бурна врска со богатиот инженер и бизнисмен, кој го глуми Оливер Џексон-Коен. По неговото мистериозно самоубиство, Сесилија почнува да се сомнева дека тој сè уште е жив. Таа е убедена дека тој го користел своето знаење од областа на оптиката за да се направи невидлив.

„Спутник“
Главната хероина на рускиот научнофантастичен хорор „Спутник“ е младата докторка Татјана Климова, која е поканета да испита астронаут што преживеал мистериозен инцидент во вселената и се вратил на Земјата со вонземски паразит во телото.

„Тенет“
Куршумот се враќа во цевката на пиштолот, луѓето трчаат наназад и експлодираните згради се враќаат во претходната состојба во уште едно комплексно остварување од познатиот режисер Кристофер Нолан. Главните улоги во овој филм ги толкуваат: Џон Дејвид Вашингтон, Роберт Патинсон, Кенет Брана и Елизабет Дебики.

„Неизмерно долга ноќ“
Филмот „Неизмерно долга ноќ“ се случува во Ново Мексико (САД) во текот на 1950-тите години од минатиот век. Станува збор за приказна за еден млад радиоводител и работници во телефонска централа, кои откриваат мистериозен звук, за кој веруваат дека потекнува од вонземјани.