Најмалку две лица се ранети во Хаг во напад со нож во супермаркет каде претходно избил пожар, соопшти полицијата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата засега смета дека не се работи за терористички мотиви за напад, а спасувачки екипи го блокирале центарот на градот по пожарот.
Спасувачки служби веднаш се известени за нападот со нож и пожарот во супермаркетот „Гроте маркт“.
– Пожарот е ставен под контрола – соопшти полицијата на Твитер и додаде дека се хоспитализирани две ранети лица.
На новинарско прашање за можен терористички мотив, портпаролот на полицијата рекол дека засега нема ниеден мотив за такво нешто.
Полициски хеликоптер е во потрага за напаѓачот.