Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека неговата партија е вистинската опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на БЕСА на Билал Касами.
Села денеска на прес-конференцијата во Собранието на РМ најави дека Алијансата на Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани.
Тие, како што рече Села, ќе бидат во делот на преамбулата на Уставот и ќе се однесуваат на државотворноста на народите и на службениот јазик во државата.