Во криптата на храмот Свети Сава денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј.
Погребна литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом со владиците и свештенството на Српската православна црква, како и претставници на некои други цркви.
Припадници на војската го пренесоа ковчегот со телото во храмот, пишува агенцијата Бета.
На погребот присуствуваа претседателот Александар Вучиќ, членот на претседателството на БиХ Милорад Додик, како и мандатарот на црногорската влада Здравко Кривокапиќ.
Патријарот Иринеј беше педесет и шести поглавар на Српската православна црква.