Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционерите на „Македонски телеком“ да ги отповика од должноста членовите на одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вуиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на одборот на директори, се наведува во владиното соопштение.
Во него се додава и дека дел од препораката е за членови на одборот на директори да бидат избрани:
– Шкодране Зенуни-Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член