Американската вселенска агенција НАСА денеска потврди дека на Месечината има вода, пренесуваат светските агенции.
– За првпат потврдивме присуство на вода на страната на Месечината осветлена од Сонцето, со помош на телескопот „Софија“ (@SOFIAtelescope) – напиша на Твитер шефот на НАСА, Џим Брајденстин.
NEWS: We confirmed water on the sunlit surface of the Moon for the 1st time using @SOFIAtelescope. We don’t know yet if we can use it as a resource, but learning about water on the Moon is key for our #Artemis exploration plans. Join the media telecon at https://t.co/vOGoSHt74c pic.twitter.com/7p2QopMhod
— Jim Bridenstine (@JimBridenstine) October 26, 2020
Во неговиот твит се наведува дека допрва треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс, но дека сознанието за нејзиното присуство на земјиниот стателит е клучно за плановите на вселенската агенција.