Рекорден број на новозаразени со коронавирус е забележан во Германија, а тој број надмина 10 000 за прв пат од почетокот на епидемијата.
Според Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, во последните 24 часа се потврдени 11.287 нови случаи, а 30 лица починале.
Вкупниот број на заразени лица се искачи на 392.049, а вкупно починаа 9.905 лица, пренесува „Ројтерс“.
Иако стапката на инфекција во Германија е помала отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новозаразени започна рапидно да расте со доаѓањето на постудено време, а официјалните лица најавуваат поостри мерки доколку овој тренд продолжи.
Министерот за здравство Јенс Спан вчера објави дека е позитивен на коронавирус.