Германската канлецарка Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат ако не е неопходно. Таа во видеообраќање упати повик до граѓаните да придинесат за сузбивање на пандемијата.
– Сега мораме да преземеме сѐ за да спречиме неконтролирано ширење на коронавирусот. Пресуден е секој ден. Ве молам, откажете се од секое патување ако тоа не е вистински неопходно, од секоја прослава, која не е вистински нужна. Ве молам, останете дома, во своето место, секогаш кога е тоа можно – рече таа.
Германија, според Меркел, се наоѓа во исклучително сериозна фаза, од ден во ден расте бројот на нови инфекции.
– Каква ќе биде зимата, како ќе изгледа нашиот Божик, ќе решиме ние самите во наредните денови и месеци. Одлуката ќе ја донесеме преку нашето однесување – истакна Меркел.