Џон Траволта и Кели Престон беа во брак 28 години

Џон Траволта ги насолзи очите на јавноста со емотивна порака и фотографија објавена на својот инстаграм-профил, во знак на сеќавање на неговата покојна сопруга, актерката Кели Престон, на денот кога таа требаше да го прослави својот 58-ми роденден, пренесува магазинот „Пипл“.

Смртта на актерката во јули годинава ги изненади сите, најмногу затоа што никој не ни знаеше дека таа со години водела долга битка со рак на дојката. Зад себе остави две деца, но и нејзиниот сакан сопруг Џон.

Траволта објави комбинирани фотографии од венчавката на неговите родители и од венчавката со неговата сакана Кели Престон, што јавноста досега не ги видела и порака „Среќен роденден мила! Ја најдов оваа фотографија од венчавката на моите родители. Убаво е кога се една до друга. Те сакам. Џон”.