Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен по должина на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До недела ќе преовладува претежно стабилно време. В недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.