Јавното претптијатие „Стрежево“ наскоро ќе почне со изградба на фотоволтаична централа со јачина од еден мегават. Централата ЈП „Стрежево“ ќе ја гради во катастарската парцела на селото Црнеец, Битолско.
За иницијативата за изградба на фотоволтаична централа во селото Црнеец, Битолско, во Општината Битола се одржа јавна презентација и јавна анкета за локална урбанистичка планска документација за формирање на градежна парцела.
На тој начин ЈП „Стрежево“ ќе ја реализира својата иницијатива за изградба на фотоволтаична централа и производство на сопствена електрична енергија. Главната дејност на ЈП „СТрежево“ е наводнување на преку 20.000 хектари, земјоделски површини во Пелагонија. М.М.