Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, изјави денеска премиерот на државата Виктор Орбан.
Тој рече дека се очекува дека вториот бран на пандемијата ќе достигне кулминација негде околу декември или јануари, пренесе „Ројтерс“.
Унгарскиот премиер истакна дека неговата влада одредила ограничување на цените на тестовите за ковид-19 на 54 евра.