Неколку стотина средношколци и родители, организирани преку социјалните мрежи, започна протест во 16 часот против онлајн-настава. Тие во знак на протест седнаа пред Владата и порачаа дека сакаат комбинирана настава.
Од Сојузот на средношколци порачуваат дека за начинот на организирање на наставата не треба да се одлучува на централно ниво туку да се одлучува според епидемиолошката слика во општините, тоа значи да не се гледа сликата само во поголемите градови туку бројот на новозаразени и на активни случаи во секоја општина поединечно.
Непосредно пред протестот, пристигна поддршка од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Оттаму велат дека ова е добар и поттикнувачки пример на детско-младинско учество.
– Упатуваме апел до институциите да обезбедат континуирано и системско учество на учениците, средношколците и основците, во донесување на одлуките од областа на образованието. Ваквото учество не смее да биде сведено на еднократни средби, по кои учениците нема да бидат известени ниту дали, ниту пак како нивните мислења биле земени предвид во донесувањето на одлуките – велат од „Меѓаши“.