Вкупно 11 деца досега се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.
Во пештерата засега останува едно дете, тренерот и уште четири лица.
Спасувачката операција трае три дена, и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.
Шефот на спасувачката операција Наронгсак Осотанакорн соопшти дека во пештерата заедно со момчињата и нивниот тренер се и еден лекар и тројца припадници на морнаричките нуркачи „Фоки“ за кои исто така изрази надеж дека денеска безбедно ќе излезат на површина.
Во третиот ден од операцијата во пештерата Там Луанг влегле 19 спасувачи. На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.