Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, вечерва во 20 часот ќе биде отворена Изложбата со наслов „Портрети“ на ликовната уметница Мартина Хаџи-Тоневска од Скопје.
Ова е второ претставување на уметноста на Мартина Хаџи-Тоневска пред кавадаречката културна јавност. Заедно со младите ликовни уметници Маја Димитрова и Максим Димитров таа учествување во групната изложба исто така во галеријата на Домот на културата со дела создадени по повод нивните дипломски испити.
Покрај нејзиниот исклучителен талент во графичкиот дизајн овојпат се претставува со нејзиниот избор на портрети. Таа е родена во 1990 година, дипломорала сликарство на насоката графички дизајна на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 година а две години подоцна завршува и постдипломски студии отсек сликарство. Зад себе има бројно учество на групни изложби, ликовни перформанси и ликовни колонији организирани во Македонија и во странство.
Отворањето на изложбата ќе се одвива според протоколите против ширење на ковид-19. Ми.М.