Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци. Николовски вели дека укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и нивна програмска определба.
– За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на име на патни трошоци. Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни – напиша Николовски на социјалните мрежи.