Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, испрати писмо до амбасадорите во Косово во кое бара помош по повод епидемијата на ковид-19. Потсетувајќи дека неколку пати ги искажал своите ставови за пандемијата пред членовите на дипломатските мисии, Курти предупреди дека Косово се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува „Косово онлајн“.
Letër e hapur për ambasadorët në Kosovë (anglisht dhe shqip)Dear Excellencies,Ambassadors of Kosova’s friends and…
Posted by Albin Kurti on Понеделник, 10 август 2020
– Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашата земја да ги обезбедите здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се овозможи превенција на здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа – напиша Курти на Фејсбук.