Во текот на летните денови, поради високите температури, исто како и целото тело, и лицето повеќе се поти, па поради тоа мрсната кожа секојдневно им прави проблеми на многумина. Можноста за создавање акни е поголема, како и за гнојни наслаги. Освен наведените проблеми,за да ја избегнете и сјајноста на лицето, применете ги следните совети:
Избегнувајте шминка: со избегнувањето голем број непотребни козметички производи ќе ја спасите кожата на вашето лице, кое ќе биде поздраво и почисто. Општо е познато дека тешката шминка ги затвора порите, а проблемот е уште поголем на повисоки температури. Дозволете ѝ на вашата кожа да дише, а можете да користите крем за хидрирање.
Користете впивачка хартија: таа може да се купи во сите парфимерии, а идеална е за овие летни денови.
Редовно мијте го лицето: еден од најефикасните методи за елиминирање на потта и прекумерните наслаги е миењето. Се препорачува тоа да се прави со млака вода, два-три пати на ден.
Користете маски за лице: доколку вашето лице се поти почесто од вообичаено, се препорачува примена на маски од глина, која има голема моќ на апсорпција.