Против 34-годишен тетовец поднесена е кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
– Пријавениот, на 02.04.2020 околу 22.50 часот, со патничко возило „пасат“ не застанал на даден знак на полициските службеници, се дал во бегство, по што се паркирал на земјен дел од регионален пат од село Врапчиште кон автопатот, а откако му пришле полициски службеници од Полициско одделение Галате, А.М. го стартувал возилото, удрил еден полициски службеник – информираат од МВР во дневниот билтен.