Пиењето пиво во умерени количества е здраво
Пивото има четири основни состојки: вода, јачмен, хмељ и квасец. Резултатот на нивното мешање е алкохол и CO2. Има голем број заблуди и вистини за тоа зошто треба или не да се консумира пивото, а еве што вели Си-ен-ен.
– Иако некои лекари му даваат предност на виното поради антиоксидантите, факт е дека пивото и виното содржат антиоксиданти во исти количества, а освен тоа во пивото има значително повеќе протеини и Б-витамини. Поради тоа стручњаците нагласуваат дека пиењето пиво во умерени количества поволно влијае на здравјето и овозможува здраво стареење.
Инаку, витамините од групата Б го чуваат здравјето, создаваат енергија, овозможуваат нормално функционирање на нервниот систем, ги регулираат хормоните, ги чуваат менталното здравје, срцето и имунолошкиот систем.
Пивото содржи од 95 до 360 калории во 350 милилитри, а просечно шише има 150 калории. Едно-две пива дневно се добри и за коските, бидејќи тоа содржи силициум, кој им дава цврстина. Американскиот центар за контрола на болести им препорачува на мажите да консумираат две пива на ден, а на жените едно. Поголемо количество има штетно влијание на здравјето.