ПО ТРИ ДЕНА ТЕНИС ВО БЕЛГРАД

По дводневното уживање во тенисот и многубројните забавни содржини, на турнејата „Адрија“ во Белград, заврши првиот во низата турнири во организација на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Победи забележаа третиот светски рекет Доминик Тим, Филип Краиновиќ, Ѓоковиќ, Григор Димитров, Александер Зверев, Никола Милојевиќ. Вчера на програмата беа дуелите Душан Лајовиќ – Милојевиќ, Краинановиќ – Виктор Троицки, Ѓоковиќ – Зверев и Тим – Димитров. Викендов „Адрија тур“ се сели во Задар, а потоа и во Бања Лука.