Меѓународните летови од новиот аеродром во Истанбул продолжија утрово, по два месеци суспензија поради пандемијата на коронавирус.
Летовите од другите аеродроми во Турција почнаа од 1 јуни, како дел од чекорите за нормализација, а најголемиот аеродромот во светот од денеска ги продолжи меѓународните летови кон одделни земји.
„Туркиш ерлајнс“ започна со летови кон Германија, Велика Британија и Холандија.
На патниците им се мери температура и насекаде се залепени плакати со препораки за почитување на мерката за физичка дистанца и носење заштитна опрема.
„Туркиш ерлајнс“ започна со летови кон Берлин, Дизелдорф, Минхен, Франкфурт, Лондон и Амстердам. Првиот меѓународен лет од аеродромот беше до Дизелдорф во 8.20 часот.
Аеродромот „Истанбул“ беше отворен во април минатата година и е најголем аеродром во светот.