ФУДБАЛ

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по предлог од Комисијата за натпреварување прогласи прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Првата лига и во натпреварите во Купот на Македонија.
– Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава и ситуацијата со позитивните тестови на ковид-19 кај неколкумина фудбалери на Ренова и на Шкендија, како и неможноста во вакви вонредни услови клубовите да ги продолжат тренинзите, УО донесе одлука за прекин на сезоната – се вели, меѓу другото, во соопштението на ФФМ.

По ова остануваат повеќе отворени прашања, како тоа дали прекинот значи и поништување на првенството, односно дали Вардар, кој до прекинот беше на лидерската позиција, ќе биде прогласен за првак, потоа кои екипи би играле во квалификациите за европските купови, дали сезонава ќе има испаѓање од Првата лига, дали би имало проширување на Првата лига…?