Непознат човек кој се заканил дека ќе го крене во воздух мостот „Метро“ во Киев е уапсен. Мостот и неговата околина, како и неколку метро станици биле блокирани по и за време на полициската акција.
Украинските медиуми пренесуваат дека во врска со случајот е уапсен маж кој носел заштитна маска и кој се заканил дека ќе го разнесе мостот, а во таа прилика се слушнале и истрели.
Медиумите исто така наведуваат дека непознатиот маж оставил торба со непозната содржина на мостот.
Сепак, подоцна, во торбата не бил пронајден експлозив. Во неа имало земја и жица, јави украинската агенција Унијан.
Ова на новинарите им го соопштил и заменик-директорот на украинската полиција, Андреј Кришченко.
Според него, уапсениот не доставил никакви барања до полицијата и ќе биде кривично гонет за лажна дојава за бомба.
Информация о подрывнике подтвердилась: мужчина стоит посреди моста Метро с пакетом, от которого тянется провод к кнопке…
Posted by dtp.kiev.ua on Понеделник, 01 јуни 2020
Киевската полиција претходно соопшти дека добила повик од очевидци кои изјавиле дека на мостот има човек кој тврди дека поставил бомба што наскоро ќе експлодира.
На фотографиите објавени од медиумите се гледа маж со заштитна маска на лицето како стои на мостот покрај торбата.