Холивудската глумица Рис Витерспун наскоро ќе се појави во романтичните комедии на Нетфликс „Кај тебе или кај мене“ и „Кактус“. Таа исто така ќе биде режисерка на филмовите преку својата компанија „Хелоу саншајн“.
Рис е позната како глумица што одлично се снаоѓа во комедии. Глумела во филмовите „Природна русокоса“, „Машка војна“, „Повторно дома“, „Мојот топол дом Алабама“, „Избори“…
Првата комедија „Кај тебе или кај мене“ е за две најдобри пријателки, кои се мошне оддалечени и меѓусебно се менуваат во животот кога едната ќе одлучи да го следи животниот сон, а другата волонтира за да внимава на синот на пријателот, кој е тинејџер. Филмот е заснован на оригиналното сценарио на Алин Брош Мекен.
„Кактус“ се заснова на истоимениот бестселер, најдобриот роман на Сара Хејвуд, кој лани во јуни беше во најтесниот избор на книги што сака да ги оживее Рис Витерспун. Фокусиран е на неочекуваната бременост на жена на 45-годишна возраст, поради што таа го преиспитува животот што го живеела дотогаш. Потоа тргнува на неконвенционално патување кон љубовта и семејството и учи да го прифати неочекуваното.