Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно ја критикуваше Белата куќа поради начинот на кој управува со актуелната криза.
Тој оцени дека многумина во администрацијата не знаат што прават.
– Повеќе од се, оваа пандемија конечно покажа дека многумина надлежни во администрацијата не знаат што прават, а некои од нив се прават дека не се воопшто надлежни – рекол Обама на годишнината од дипломирањето на студентите од Афроамериканскиот универзитет ХБЦУ.
Ова е вторпат поранешниот претседател, кој инаку не учествуваше активно во политичкиот живот откако не е веќе претседател, да ја критикува актуелната администрација.
Минатата сабота во обраќање пред средношколците зборуваше за таканаречени возрасни лица, со модерни работни места и титули, кои работат она што е пожелно и лесно – поради што ситуацијата е и толку лоша.
Обама ниту еднаш не го именувал Доналд Трамп пред студентите и средношколците, но пред еден месец оценил дека одговорот на администрацијата на Трамп на пандемијата е апсолутна катастрофа.
Освен за пандемијата, Обама зборувал и за убиството на Афроамериканецот Ахмад Арбери, во февруари оваа година во Џорџија, додека се дрогирал.