Денеска ќе се одржат две нови изведби од програмата „Култура во време на Корона“.
Вечер во 20 часот во Универзална сала концерт ќе одржат Доуп Куќата, а во 21 часот Зоки Бејбе ќе има свој сет на Кале.
За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.