Министерот за култура Асаф Адеми вечерва присуствуваше на манифестацијата “Пена име – Моето перо – Mu pen”, организирана од Клубот на писателите Јехона е Карадакут – Куманово со мотото „My way“.
– Како министер на Министерството за култура би сакал да ја покажам мојата подготвеност и на вработените во Министерството да му помогнеме на овој културен настан, а да ги покануваме и охрабруваме и уметниците и другите љубители на уметноста да се занимаваат со културни проекти, убедени дека инвестирањето во култура е најдобрата инвестиција за нашиот идентитет и за нашата иднина. Вратата на Министерството за култура секогаш ќе биде отворена за вас и би сакал „Јехона е Карадакут“ никогаш да престане- изјави Адеми.
Ова е првото издание на овој настан, кој има за цел да обедини уметнички креативни енергии, главно млади уметници во сферата на уметноста, книжевноста и музиката.
Тоа е сплет на уметности, кои природно го поврзуваат и создаваат универзумот на естетските вредности.
Настанот има цел да го покаже Куманово како град на култура и вистинските креативно-уметнички вредности еден антагонизам кон различните предрасуди за градот.
Клубот на писателите „Јехона е Карадакут” од Куманово е меѓу првите локални невладини организации во Македонија, кој беспрекорно функционира повеќе од 25 години.