Присутните граѓани порачуваат дека е страшно да се менува името и никој не смее да го бара тоа од нас. Велат дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име. Во моментов толпата демонстранти се движи кон резиденцијата на Иванов.
Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да се одважи и не се плаши, порачувајќи му дека ќе го бранат, како што тој ги поддржува.
-Само Иванов е легитимен. Ќе му дадеме поддршка како морална, така и физичка. Договорот е против сите правила, а некој само си мисли дека може да ги спроведе- извикуваат присутните.
Демонстрантите велат дека договорот за името со Грција е штетен и дека не смее да се преговара за името.
И вечерва нема распоред во однос на тоа кој ќе се обрати на протестот, а собраните велат дека тоа ќе биде спонтано.