Вселенското летало „Сојуз“, со двајца руски космонаути и еден американски астронаут, слета на Интернационалната вселенска станица (ИСС), оставајќи ја зад себе сината планета погодена од пандемија на коронавирус.
Шест часа по лансирањето од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, Русите Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер и Американецот Крис Касиди пристигнаа на ИСС.
Веднаш по влегувањето во орбитата, екипажот изјавил за американската вселенска агенција (НАСА) која го емитуваше лансирањето, дека се чувствува добро .
Тричлената екипа ќе остане на ИСС шест месеци, но некои обични ритуали биле откажани поради коронавирусот.
Така, ниту на членовите на семејството ниту на новинарите не им било дозволено да присуствуваат на традиционалната прес-конференција пред лансирањето, па била одржана само видеоконференција.
Крис Касиди, 50-годишен астронаут тргнувајќи во својата трета мисија, призна дека му недостасува тој човечки контакт, но додаде дека разбира дека целиот свет е погоден од истата криза“.
Како и пред секоја вселенска мисија, тројцата мажи беа во карантин, овој пат порано за да се избегне можноста да го пренесат коронавирусот на ИСС.