Ова е карневалот, никој да не те познае под маската
Денеска отидов по леб, млеко и овошје до најблискиот снабдувач. Ги гледав излозите на затворените продавници и натписите за попуст ми изгледаа како да се од некое дамнешно време, заедно со натписите дека им се извинуваат на клиентите што поради декретите (многу се) се затворени.Малкуте минувачи со или без маски, забрзано минуваа, трудејќи се да не ни се вкрсти ниту погледот. Огледувајќи се во излозите, така замаскирана, си реков, еве, ова е карневалот, никој да не те познае под маската. Дрвото на мимозата сѐ уште добро се држи, а некои излози оптимистички ја нудат идејата за летната мода 2020-та. Венеција, април, 2020 г.
Љупка Делева, уметница