Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И.Д. (25) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Тој, на 17 февруари пред казино на улица „Маршал Тито“ во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста.