Италија реши да преземе најдрастични мерки во борбата против коронавирусот, кој со голема брзина се шири во оваа земја.
Цела Италија е ставена во карантин, а сите јавни собири и настани се откажани.
Сите училишта и универзитети ќе бидат затворени до следниот месец, рекол премиерот на државата, Џузепе Конте.
– Нема повеќе портокалова, жолта и зелена област, се е црвено – соопшти вечерва премиерот.
Мерката стапува на сила од утре, а Конте додал дека е најдобро граѓаните да останат дома.
Оваа мерка настапува поради денешниот биланс од 97 жртви на вирусот, со што бројката се искачи на 463.