Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, има двоцифрена предност пред сенаторот Берни Сандерс во трката за номинација на Демократската партија за претседателските избори во САД, покажува анкетата на ТВ-мрежата Си-ен-ен.
Во истражувањето спроведено по т.н. супер вторник, кога Бајден неочекувано победи во повеќето од вкупно 14 држави каде што се одржуваа партиски избори, за Бајден се определиле 52 процента од гласачите на демократите, а 36 отсто изразиле поддршка за Сандерс, пренесува агенцијата „Танјуг“.