На седница на Централниот комитет во вторник, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потврди кандидатите и носителите на листите за претстојните избори.
Имињата во јавноста ќе бидат соопштени в среда на 11 март. Ова го објави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Како што кажа Мицкоски, во партијата привршуваат анализите и договорите со коалициските партнери.
Запрашан за ставот на ДУИ за коалицирање на „победник со победник“, Мицкоски рече дека веќего соопштил нивниот партиски став и нема што друго да додаде во таа насока.