На Хари и Меган по завршувањето со своите кралски должности на 31 март, животот во странство ќе им биде финансиски тежок, пренесува британски „Експрес“.
Според американски експерт за даноци, војводата и војвотката од Сасекс ќе имаат тежок финансиски товар доколку се преселат во странство. Според строгите даночни закони на парот веројатно ќе му биде тешко да ги избегне дополнителните такси и покрај дарежливоста на принцот Чарлс.
Животот за принцот Хари и за Меган Маркл би можел да биде многу поскап во Америка.
Парот нема да прима пари според актот на суверениот грант донесен 2011 година од парламентот на Белика Британија за финансирање на кралското семејство. Канада неодамна објави дека нема да плаќа за безбедноста на Хари и Меган.
И покрај тоа што Меган живее во странство, должна е да поднесе даночни пријави во САД.
Доколку нејзиниот приход се зголеми како резултат на ангажман во глума или какви било идни вложувања, таа ќе мора да плати даноци.